Менаџерот на англискиот шампион Лестер Сити, Клаудио Раниери коректно им ја честита победата на фудбалерите на Севиља, но предупреди дека со голот на Варди „лисиците“ купија надеж пред реваншот за три недели.
– Вечерва имавме тешка задача против една многу моќна Севилја и на крајот задоволен сум како натпреварот заврши. Тие беа агресивни добија многу дуели и морам да признаа дека заслужија да победат. На крајот имавме повеќе сила од нив и по притисокот дадовме гол, кој ни дава опции во реваншот. Севилја и натаму е фаворити, но ние еден гол на домашен терен секому можеме да му дадеме – изјави Раниери по мечот.
Италијанскиот стручњак потсети дека во Премиер лигата еден Манчестер Сити загуби со 4-0 на „Кинг Пауер“, а убедливо падна и Порто во Лигата на шампионите, па и Севилја не е непобедлива на 14 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.