| четврток, 6 декември 2018 |

Ким: Добрата политика носи резултат – тоа што го доживуваше Македонија во изминатите 10 години е многу позитивно

entoni-kim-768x436

– Ова не е само вежба по математика. Добрата политика носи вистински економски резултат. Не се работи само за аутпутот туку и за исходот. Тоа што го доживуваше Македонија во изминатите 10 години е многу позитивно, година по година, рече во Отвореното студио на Телевизија Нова аналитичарот од Индексот на економски слободи на фондацијата Херитиџ, Ентони Ким.

Ким нагласи дека во изминатите 10 години бевме сведоци на многу проблеми во светот – светската финансиска криза и многу забавувања на економијата во различни земји, особено во Европа.

– Македонија успеа да ја задржи релативно високата стапка на раст, привлекувајќи многу ценети странски инвеститори. Го имате трендот, сега клучно е како да се издигне, како да се продолжи напред. Затоа сме многу оптимистични и возбудени што земјата оди напред, рече Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top