Хеле Дејл, виш научен соработник во јавната дипломатија во фондацијата „Херитиџ“ објави анализа за реномираниот американски портал „Daily Signal“ во која пишува за влијанието на Џорџ Сорос и УСАИД во политиките во Македонија.
Влијанието на Џорџ Сорос и неговите Фондации „Отворено општество“ во американската надворешна политика е предмет кој го разгледуваат членовите на Сенатот, пишува Daily Signal.
Во анализата се потсетува на писмото испратено од шесте влијателни репубикански сенатори до Државниот Секретар, Рекс Тилерсон, во кое бараат од него да истражи за многубројните грантови кои низ годините биле дадени од страна на Стејт Департментот и неговата Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) на групи финансирани од левичарскиот милијардер.
-Соросовите Фондации „Отворено општество“ се обвинети за поттикнување проблеми во владите на некои сојузници на САД, па дури и дека се мешаат во изборите во државите, пишува реномираниот портал.
Се вели најголема загриженост, сенаторите имаат за политичкото влијание на Сорос во Македонија и проблемите кои ги направи на Македонската конзервативна држава.
Слично писмо испрати и група од Републиканскиот дом во февруари, потсетува Daily Signal.
Порталот потсетува и на истражувањето на организацијата Џудишал Воч, во кое се наверува дека левичарски групи кои се финансирани од Сорос добиле над 14 милиони долари од американските даночни обрзници, додавајќи дека тоа е голема бројка за држава која има само 2 милиони луѓе.
-Џудишал Воч се обидува да го открие степенот на влијание на Сорос, но како што стигнаа до дното на предметот, така тој предизвик изгледаше се поголем и поголем, пишува Daily Signal.
Сорос и неговата Фондација „Отворено општество“ се длабоко вмешани во процесот на давање грантови од УСАИД, пишува порталот додавајќи дека, по падот на „Железната завеса“, Сорос ја напредна својата агенда за крајно-левичарски политики, вклучувајќи го и проектот за отворени граници во време на мигрантската криза во Европа.
-Агендата на Сорос во голема мера беше во согласност со ставовите на администрацијата на Обама. Но, во странство, агендата на Сорос наметната пари од американските даночни обврзници често е во спротивност со ставовите на многумина од локалното население, вклучително и во Македонија, чие општество е конзервативно, пишува реномираниот портал, пишува Daily Signal.
Daily Signal заклучува дека овие факти во комбинација со прашањата за тоа дека УСАИД со парите од даночните обврзници ги финансира политичките приоритети на Сорос се многу добри причини за Државниот Секретар да открие што му се случува пред носот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.