| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандез од „Херитиџ“: Не се согласувам со Бејли, ние не сме кралеви на Македонија

heritage-foundation-

Односот на САД кон Македонија во времето на претседателот Барак Обама бил обележан со неприфатливо ниво на мешање во внатрешните работи на земјата и обиди преку Амбасадата да се решава кој ќе ја формира македонската влада, смета Мајкл Фернандез од фондацијата „Херитиџ“.

– Јас верувам дека амбасадорот Бејли е добар Американец, но не се согласувам со него. Сметам дека неговото мешање во формирањето на владејачката коалиција е нешто во што американската влада не би смеела да се меша. Ние не сме кралеви на Македонија – изјави Фернандез.

Повеќе други учесници во дебатата укажаа на програми на Стејт департментот за финансирање слични, левоориентирани програми во други држави во светот, како Ирска, каде што се финансирале организации на Сорос кои работеле да се сменат законите за абортус.

За време на вчерашниот настан во фондацијата „Херитиџ“ група левичарски демонстранти се собраа да протестираат против предлог-буџетот изготвен од ескпертите на оваа фондација и упаднаа во фоајето на фондацијата.

Во Вашингтон е во тек процес на подготвување на новиот буџет и според првичниот предлог на претседателот Трамп, средствата за УСАИД и на Стејт департментот за соработка со разните невладини организации и промовирањето политики ќе претрпат драстично намалување. Трамп дури ја отвори можноста за целосно укинување на УСАИД и негово спојување со Стејт департментот. Укажувањето на злоупотреби на досегашните програми во земји како Македонија, Албанија, Ирска или Кенија се користи како аргумент плус од поддржувачите на идејата за кратење на овие ставки во буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top