Новак Ѓоковиќ неодамна ги почна подготовките за американската турнеја, а еден од неговите тренинзи сакал да гo документира преку видеозапис кој со помош на неговата сопруга Јелена бил пренесуван во живо на „Фејсбук“.
Меѓутоа, кога Новак сакал да се одјави од видеото, дошло до кратка расправија меѓу него и Јелена, која била регистрирана во самата снимка. Таа на крајот веројатно мислела дека снимката е завршена, па вознемирена му се обратила со зборовите:
– Како се однесуваш тоа? Фала ти, такво ли нешто треба да кажеш?
– Јас сакав само да снимам, не знам ти каква намера имаше, ѝ возвратил Новак, по што Јелена сфатила дека видеотот сѐ уште оди во живо, па брзо ја исклучила камерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)