| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците открија како да танцувате како Бијонсе и Шакира (Видео)

Научниците се занимавале со анализа на танц и откриле кои движења се најдобри, а кои најлоши.
Прашањето кое ги интересира луѓето со години – кое движење ќе направи разлика кога сте на подиум за танц или во клуб?

Конечно доби одговор. Имено, научниците ја решија оваа мистеријата. Најсексапилни танчарки за многумина се оние кои ги движат колковите, како и оние кои ги движат рацете и бутините но не синхронизирано.

Прво, жените кои ги движат колковите се котирани подобро од оние кои ги држат мирно. Второ – неопходно е доста да се движат нозете (со самото тоа и бутините), а движењата со рацете се пожелни, но доколку се со среден интензитет. Движењата се, како што тврдат научниците, искрени показатели на физичките способности на танчарите.

Кога се во прашање мажите, откриено е дека најдобро се котирани машките танчари кои имаат поподвижен горен дел од телото, односно рацете и торзото. Физичката сила се вклопува во концептот на силен маж, па силните луѓе подобро танцуваат, тврди науката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top