| четврток, 6 декември 2018 |

Избегната трагедија: Шест тинејџери ќе се удавеа поради селфи (ВИДЕО)

Група на тинејџери се лизгале по замрзанто езерце среде њујоршкиот Централ парл. Шест од нив се собрале на средината, за да се фотографираат, а во истиот момент мразот под нив попуштил и децата пропаднале во ледената вода, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Тие се обиделе да излезат, но мразот се повеќе се кршел, по што настанала уште поголема паника.


Семејство туристи, ко е во моментот се нашло на местото на настанот, им помогнало на децата.

Набрзо пристигнала и екипа на Пожарна и Брзата помош. Децата, како и еден од минувачите кој скопкнал да помогне, биле пренесени во болница, каде се уште се опоравуваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top