Сите љубители на играта на можеби најголемиот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, синоќа добија одлична вест, откако Швајцарецот најави дека ќе биде присутен на терените и на 38-годишна возраст.
Поточно, освојувачот на 18. Грен слем титули најави дека на АТП турнирот во родниот Базел ќе учествува и во 2019 година.
– Едвај чекам да се вратам во мојот дом, во Швајцарија. Да се игра во Базел е момент кој го чекам со нетрпение. Сакам да бидам таму оваа есен, па и во наредните два години – изјави Федерер.
Федерер минатата сезона поради серија на повреди беше малку активен на АТП-турот, но оваа ја започна на феноменален начин со триумф на Австралија Опен и тоа во финалето славеше над лутиот ривал, Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира