| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е осомничениот за убиството во Охрид

josip-kuzmanovski

Ова е соседот кој сеел страв на ,,Галичица”. Јосип Кузмановски од Куманово живеел на вториот кат, во зградата, веднаш над станот на убиената Спаса Бојоска.

На возраст од 40 до 50 години, бил оженет за охриѓанка, а немале деца. Според соседите, последните месеци се однесувал чудно и агресивно. Не бил вработен, ја ограбил продавницата и често барал пари од соседите.

Јосип К. е лишен од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично-правниот настан.
Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа.

По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата.

извор: Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top