Монако загуби на „Етихад“ со 5-3 од Манчестер сити во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.
Колумбиецот Радамел Фалкао одигра добар меч постигнувајќи и два гола, но не реализираше и удар од белата точка. Смета, сепак, дека ништо не е готово и дека неговата екипа уште има шанси да се пласира понатаму…
– Ништо не е готово. За жал, не успеавме да дојдеме до победа вечерва. Сега мора да се подготвиме за реваншот на домашен терен. Имаме и тоа како сериозни шанси за пласман понатаму, треба само да веруваме во себе – вели Фалкао.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.