| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман: Среќен сум поради рекордот и победата во Германија

grizman

Со денешниот гол во Леверкузен, Антоан Гризман стана најдобар стрелец на клубот во историјата на Лигата на шампионите. Французинот по натпреварот призна дека ужива во партнерството со сонародникот Гамеиро со кого играа одлично и во саботата во Хихон.

– Многу сум среќен за рекордот, но најмногу за победата и за радоста која ја приредивме на нашите навивачи. Со Кевин одлично се согласуваме и задоволен сум што имаме напаѓачи како Гамеиро и Торес, а ни требаат сите за напорната сезона. Резултатот можеби покажува дека беше лесно, но во Германија никогаш не е лесно. Нема да се опуштиме, пред нашите гледачи сме во голема предност и верувам дека ќе ја завршиме работата – смета најдобриот фудбалер на „јорганџиите“.

Атлетико Мадрид со голема веројатност четврта година по ред со Симеоне на клупата ќе игра најмалку четвртфинале на Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top