Нема договор на вечерашната средба во Мала Речица меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
По излегувањето од седиштето на ДУИ, Зоран Заев рече дека надминале голем дел од разликите, но сè уште нема конкретен договор.
– Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за шест месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат – рече Заев.
Тој додаде дека постигната била согласнот за рамномерна распределба на буџетските средства за регионален развој.
Според него, лидерската средба ќе се случела порано, но им требале мислења и од експертите бидејќи сакале добри закони.
– Многу често експертите од СДСМ и од ДУИ седнуваат заедно. Уште вечерва ќе ги пренесам на работната група деталите за да може да продолжат со разговорите. На крајот или ќе има или ќе нема потписи. Јас сум тој што ги чека потписите, ама Уставот не го чепкаме во никој случај. Прилично сме блиску до договор, рече Заев.
Тој кажа дека се согласиле за рамноправна распределба на буџетите за сите општини во државата.
– Мислам дека и ДУИ неколку пати потенцираше, решенијата се во рамки на Уставот. Ние разговараме за уставноста на решенијата, вели лидерот на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)