| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена и Ноле се искараа на пренос во живо (ВИДЕО)

nolegokarajelena25
Колку што е добра опцијата на пренос во живо преку Фејсбук страните и профилите, толку е и лоша кога ќе заборавите да ја исклучите на време… Тоа денес на своја кожа го искуси тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Имено, за време на преносот во живот Ѓоковиќ покажува како изгледа неговиот тренинг, како си игра со кученцата Пјер и Тесла, но и колку неговата сопруга Јелена е опасна кога тој нема да каже “фала”.

nolegokarajelena24

Ноле на крајот од тренингот го зеде телефонот од својата сопруга која снимаше дотогаш, за “интимно да ги поздрави своите фанови”, но заборави да го стисне копчето за крај.

Јелена покажа дека е како и секоја друга жена, па го искара со зборовите: “Како се однесуваш, леба ти? Фала љубов, фала. Така треба да кажеш”.

На крајот таа забележа дека камерата е сѐ уште вклучена, па направи гримаса пред да го прекине преносот, но фановите се насмеаја на овој момент меѓу брачните партнери.

Погледнете го видеото, а доколку не сакате да го гледате целиот тренинг, скокнете директно на последните неколку секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top