Јатак на убиец од Аргентина ќе брани за Динамо Загреб, а станува збор за голманот на Сан Лоренцо, Пабло Миглиоре. Тој беше во затвор 40 дена, од 31 март годинава, поради помагање на убиец, припадник на ултрасите од навивачката група на Бока јуниорс.
Хулиганот во 2011 година претепа човек до смрт, а Миглиоре, кој порано бранеше за Бока јуниорс, му помагал да ја избегне правдата. Тогаш 31-годишниот чувар на мрежата беше член на Сан Лоренцо, клуб што му го раскина договорот откако се откри дека Пабло бил јатак на убиец.
– Добив понуда од Динамо Загреб и сакам да ја искористам и да почнам ново поглавје во мојот живот и кариера. Бев и во суд да ги подигнам потребните дозволи и документи, а се обврзав да се вратам во Аргентина, ако биде потребно – изјави Миглиоре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стадионот затворен, немирите продолжија: Неизвесно е вечерашното финале
-
Maрадона бесен: Има само еден виновник за вчерашниот срам!
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја