| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанец дошол од иднината и уплатил 100.000 евра на Јувентус

57-годишен Италијанец вчера направил до толку лудачки потег во обложувалница, што добил дури и прашање од газдата дали е сигурен во тоа што го прави.

Човекот уплатил ни повеќе ни помалку, туку 100.000 евра на дербито меѓу Јувентус и Интер.

Енормно високиот облог се случил во обложувалница во градот Трапани на островот Сицилија, а газдата му се обратил со следниве зборови:

„Сигурен ли си за ова што го правиш и зошто се кладиш на толку многу пари на така специфичен вид на игра“?

Одговорот бил:

„Јас доаѓам од иднината, знам што ќе се случи и се вратив во минатото за да се збогатам“.

Еден од проблемите во оваа приказна е што Италијанецот не се обложил на победа на Јувентус, кој важеше за фаворит, туку на точен резултат 3:1.

Добивката му беше 2 милиони евра, но Јуве победи 1:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top