Бројот на слободни работни места во Германија пораснал на над еден милион во последните три месеци од минатата година, покажува истражувањето на германскиот Институт за истражување на вработувањето (ИАБ).
Вкупниот број на слободни работни места од октомври до декември скокнал за 80 илјади што е рекордно ниво на побарување на пазарот на работна сила во најсилната европска економија.
– Тоа е рекорд. Никогаш не сме виделе поголем број на слободни работни места претходно – изјави за германските медиуми истражувачот Александат Кубис, според кого, повеќе од половината работни места се во услужните дејности. Најмногу работници се бараат во здравствениот сектор и во фирмите кои што нудат грижа за постари лица а голема побарувачка има и за технички и научен персонал.
Дел од мерките за намалување на побарувачка за работна сила во Германија федералните и покраинските агенции за вработување организираат специјални тренинг работилници за луѓе од членки на ЕУ како Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Шпанија каде што има огромно ниво на невработеност меѓу младите. Мерките вклучуваат и зголемување на платите поголемо од нивото на инфлација, бесплатни оброци, флексибилни работни услови и работно време како и тренинзи за постари лици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.