Помина скоро една седмица од катастрофалниот пораз на Арсенал од германскиот шампион, Баерн Минхен (1-5), а сè уште „топџиите“ се мета на исмејување на социјалните мрежи.
Во мноштвото фудбалски работници кои го искористија овој пораз на лондонскиот клуб, за да се пошегуваат со него се најде и голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер кој на Фејсбук напиша:
– После одморот во средата, вчера имавме многу тежок ден – напиша германскиот голман во неделата, ден по мечот од Бундеслигата против Херта.
Сепак, и покрај големиот пораз не е спортски да се отпише Арсенал во овој двомеч, па нека овој статус на Нојер биде мотивација за „топџиите“ да покажат дека се квалитетен колектив, кој може да се надигрува со секого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.