Според италијанските и германските медиуми, Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Торино и на италијанската репрезентација, Андреа Белоти.
Напаѓачот игра одлично во дресот на Торино и на 24 натпревари постигна 19 гола, а Карло Анчелоти со месеци ги следи неговите настапи. Белоти има договор со Торино до 2021 година со откупна клаузула од 100 милиони евра. Баварците се подготвени да понудат 60 милиони евра, но „биковите“ не сакаат да слушнат за сума пониска од наведената во клаузулата.
Репрезентативецот на Италија се наметнува како најдобар напаѓач во селекцијата и еден од најдобрите во Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.