Вчера во 14.00 часот во НК КР Ресен, четиринаесетгодишно девојче од Битола, заедно со нејзиниот татко О.И., пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, на двапати извршил полови дејства над неа.
Првото дејство се случило пред Нова година и, по нејзино кажување, била уплашена и не им кажала ништо на своите родители. Пред една недела отишла во Битола кај својата тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејство. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на таткото на девојчето.
ПС ОН Ресен презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.