Актерката Џенифер Греј, ѕвезда на култниот филм „Валакниот танц“ откри како навистина изгледало снимањето на една од најпознатите сцени во историјата на филмот, онаа додека со Патрик Свејзи вежбаат во езерото.
Греј призна дека се заедно воопшто не изгледало толку романтично како на филмот.
Се сеќавам на пливањето во езерото кое беше многу студено. Мораш навистина да бидеш млад и желен за успех за да влезеш во толку студена вода. Не беше убаво. Се сеќавам дека помислив: Можеш да умреш ако брадвиците ти експлодираат? Ми се чини дека не е здраво да се биде во тоа езеро – раскажа Греј за „Сандеј Пипл“, откривајќи дека Свејзи поради студената вода имал проблеми со коленото па со потешкотии ја извел сцената каде ја држи над неговата глава.
Снимањето на финалната сцена на песната „Time Of My Life“ исто така, било проблематично.
– Подот само што беше обоен и чевлите секогаш ни се лепеа, па не можевме да се вртиме. Други луѓе од екипата седеа и не гледаа како се обидуваме да не паднеме на глава – призна таа.
Греј рече дека по излегување на филмот таа не била сигурна дали некој воопшто ќе го гледа, а за тоа намногу била виновна нејзината агентка, која била многу незадоволна од него и тврдела дека е целосно промашување.
– Јас мислев дека тоа е крај за мене, но како што се приближуваше премиерата, така некако растеше возбудувањето – призна Греј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)