| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Целта на прислушувањето е промена на името

Снимените разговори од прислушувањето во Македонија се сместени на 180 хард дискови. Од нив во СЈО е предаден само еден. Најголемиот дел од нив се однесуваат на СДСМ, а само десет проценти на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Со прислушуваните разговори за врвот на социјалдемократите се сакала да се обезбеди смена на раководството во партијата и на тој начин на чело на структурата да дојде некој кој ќе може да го смени името, вели во синоќешната емисија „Во Центар“ новинарот Васко Ефтов.

Тој додава дека агентот Силвер има добиено на задача од структурите на МИ6 да ја прислушкува работата и структурата на СДСМ бидејќи таму треба да биде реализирана операција на менување на раководството. Тоа значело дека треба на чело на структурата да биде донесен човек кој ќе биде задолжен да го смени името на Република Македонија.

– Бројка од 90 отсто од тие прислушкувани разговори кои се сместени на тие 180 хард дискови всушност се прислушкувани разговори кои се однесуваат на состојбите внатре во СДСМ. Само 10 отсто од прислушкуваните разговори отпаѓаат на прислушкувани разговори кои се однесуваат на членови на Владата на Никола Груевски и луѓе од неговото најтесно опкружување, вели Ефтов.

Ефтов додава дека ова се должи на тоа што Агентот Силвер има добиено на задача од структурите на МИ6 да ја прислушкува работата и структурата на СДСМ бидејќи таму треба да биде реализирана операција на менување на раководството.

– Тоа значело дека треба на чело на структурата да биде донесен човек кој ќе биде задолжен да го смени името на Република Македонија. Притоа не треба да заборавиме дека во ингеренции на британската дипломатија се сите отворени спорови на светската политичка сцена-Кипарското прашање, Макеоднското прашање, прашањето на Фолкландите, прашањето на Гибралтар , значи сите отворени политички дипломатски прашања, всушност се во ингеренции на решавање на британската дипломатија . Од тие причини структурите на МИ6 преку својот агент господинот Силвер или агентот Силвер влегуваат во операција на прислушкување во Република Македонија, влегуваат во операција на промена во врвот на СДСМ и влегуваат во операција на приспособување на СДСМ за борба до финално истребување со партијата ВМРО ДПМНЕ кое треба да резултира со политички промени, а подоцна со промени на Уставот и промена на името на државата, вели Ефтов.

Ефтов додава дека прислушкувани се и снимени се разговори кои се сместени на 180 хард дискови. Станува збор за енормно количество на снимени телефонски разговори сместени на 180 хард дискови.

-Секој кој се разбира во компјутерска техника ќе ви каже дека снимени разговори на 180 хард дискови всушност значат огромно количество на снимени телефонски разговори. Целата операција се спроведува во период од 2010 до 2014 година кога во Република Македонија е набавена израелската опрема. Постојат два системи –Главниот оперативен систем и резервниот оперативен систем. Всушност во структурите на МВР во рамки на министерството за внатрешни работи на Република Македонија не постои можност во оперативниот систем да се внесува УСБ или одредени стикови и на тој начин да се преснимуваат дел од снимените телефонски разговори туку тоа се прави на еден многу едноставен начин. Не се користи главниот оперативен систем, туку се користи резервниот систем кој всушност треба да биде одредена бекап или резервна варијанта, ако не функционира главниот оперативен систем, вели Ефтов.

Според него, три структури имале допир или имале можност да го користат резервниот оперативен систем во рамки во петтата управа на Министерството за внатрешни работи.

-Тој бил началникот господинот Горан Груевски, тој бил заменикот господинот Ѓорѓи Лазаревски и една трета личност кој е со потекло од странска држава. Името на таа трета личност не го кажуваат ни господинот Горан Груевски ни господинот Лазаревски. Луѓето кои се разбираат во тие работи велат дека кога ќе биде соопштено името на таа трета личност ќе стане вистински земјотрес на македонската политичка сцена. Некој од тие три личности, а истрагата вели дека тој е господинот Ѓорѓи Лазаревски, на крај ќе видиме за што всушност станува збор, го користи резервниот систем и снима телефонски незаконски прислушкување разговори и ги сместува на 180 хард дискови. Тие хард дискови се земаат и се вадат од системот и на нивно место се става празен хард диск. Полните хард дискови му се даваат на Агентот Силвер. Ако целата операција се реализира во период од 2010 до 2014 година, ако првичните контакти на господинот Верушевски со гоподинот Зоран Заев се остваруваат дури на крајот на 2014 година, тогаш тука се поставува прашањето , зошто и за кого некој снимал во период од 2010 до 2014 година кога се воспоставуваат првичните контакти на Верушевски и Зоран Заев. Ние се обративме до СЈО и од таму ни кажаа дека кај нив е доставен само еден хард диск. Тука се поставува прашањето каде завршија тие 179 преостанати хард дискови на кој биле снимени недозволени телефонски разговори, вели Ефтов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top