| четврток, 6 декември 2018 |

Нивната свадба ја пренесуваа „Би-Би-Си“ и „Си-Ен-Ен“: На денешен ден се венчаа Цеца и Аркан

На денешен ден во 1995 година се венчаа српската фолк ѕвезда Светлана Величковиќ-Цеца и Жељко Ражнатовиќ-Аркан.

Свадбата на Цеца и Аркан ја преносуваа двете најголеми медиумски куќи во  Велика Британија и САД, „Би-Би-Си“ и „Си-Ен-Ен“

Пејачката носеше венчаница на грчкиот дизајнер Димитрос, додека Аркан носел воено одело од српски војвода од Првата Светска војна, а подоцна се пресоблекол во одело.

Целата церемонија била организирана по традиционални српски обичаи, а за храната беше задолжен познатиот кувар Јаков Стабловиќ.

Служени биле наразлични спрецијалитети, а се пиел најквалитетниот француски коњак.

Тортата имала пет спрата и тежела 70 килограми.

Свадбата на Цеца и Аркан, како што пишувале медиумите чинела околу 100.000 марки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top