Катар планира да изгради вештачки остров во вредност од 5,5 милијарди долари во близина на главниот град Доха, каде што ќе има хотели во кои ќе бидат сместени и посетителите на Светското фудбалско првенство во 2022 година.
Предвидено е да се изградат и луксузни вили и пет пловечки хотели на крузери.
Проектот денеска беше претставен во Доха од локалниот промотер за недвижнини „Барва риал истејт“ со поддршка од државните фондови на Катар.
Хотелите ќе имаат капацитет да примат околу 25.000 гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


