| четврток, 6 декември 2018 |

Расплаканиот Квалјарела ги трогна сите: Тоа што ми се случуваше мене не му го посакувам никому! (видео)

kvaljarela

Фабио Квалјарела беше најзаслужен за бодот што го освои Сампдорија на мечот против Калјари (1:1), но, сепак, целокупната италијанска спортска јавност во изминатите десетина часа не зборува за погодокот кој го постигна поранешниот репрезентативец на „аѕурите“ од едноставна причина што напаѓачот го даде најемотивното интервју во својата кариера.

Поранешниот голгетер на Наполи и Јувентус се отвори пред камерите и се расплака раскажувајќи го сето она што го минал во изминатите шест години, и на тој начин ја потресе целата јавност во оваа земја и огромен дел од фудбалските фанови.

Квалјарела во своето обраќање потенцираше дека бил приморан да го напушти Наполи за Јувентус (трансфер за кој беше нападнат од фановите на Наполи), од едноставна причина што бил уценуван од страна на полициски офицер кој пред неколку дена бил обвинет на петгодишна затворска казна. Фабио со својата потресна исповед откри дека бил уценет со монтирани и лажни материјали во кои тој бил прикажан како консумира дрога и како помага на една од големите криминални банди во Неапол, поради што едноставно морал да си замине од овој град за да не потклекне под притисокот и да не си ја уништи кариерата.

– Ова беа многу тешки години за мене и за моето семејство. За среќа, на крајот правдата излезе на виделина и сега можам полесно да дишам. Мојата фамилија многу патеше за напуштањето на градот, и јас бев многу тажен. Се обидував да се концентрирам на работата и да бидам професионалец, но поминавме многу лошо. Ми се закануваа со смрт и ме направија педофил. Преживеав вистински пекол, ова што ми се случи мене не посакувам да му се случи никому – порача Квалјарела, кој не можеше да ги задржи солзите додека се обраќаше пред камерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top