Патрик Демпси во своата куќа во Лос Анџелес одгледува преку 60 кокошки а е на идеја да започне да одгледува и марихуана, пишува порталот „Скај“.
Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ и неговата сопруга Џулијан наводно нивната куќа во Малибу ја претвориле во фарма за кокошки а имаат и самоодржувачка градина со овошје и зеленчук.
-Имотот на Патрик Демпси го одзема здивот. Тој има мини фарма со огромна градина, преку 60 кокошки, магаре и е многу врзан со сето тоа. патрик и Џил местото го викаат „куќа за преживување на апокалипсата, изјавил извор блиозк до ѕвездата.
Исто така Патрик поседува и ланец на кафе-барови во Сиетл а во скоро време планира да додаде и продажба на марихуана заедно со кафето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


