Иако нема брз излез од кризата, веројатно ниту нови избори нема да бидат пресек, туку ќе расчистат некои дилеми што се појавија; општеството евидентно се подели – и тоа не само по етничка, туку и по политичка линија. Во оваа ситуација, беше понудена семакедонска платформа, не како одговор на сеалбанската платформа, туку како рамка во која би се движела државата и со тоа партиите во иднина. Колку таква платформа е потребна и дали, можеби, ќе помогне во надминување на оваа поделеност?
ЦУЦУЛОВСКИ: Секако дека е потребна една таква платформа. Ако создавањето на една таква платформа, односно програма, не помогне, сигурно нема да одмогне. Значи, застапник за тоа да се изградат македонски национални рамки, кои не би требало да бидат пречекорувани. Тие би биле еден вид црвени национални линии, сеедно што сум граѓански ориентиран. Во овој поглед, Македонија е исклучок на Балканот. Таа е исклучок не затоа што сака да изгради национална платформа, туку затоа што единствено таа нема изградено своја национална платформа. Словенците, на пример, тоа го направија пред сите во Југославија, уште во 80-тите години од минатиот век. Затоа, и најподготвени го дочекаа распадот на федерацијата, не затоа што го сакаа, туку затоа што однапред создаваа решенија за можни ситуации. Едноставно, гледаа барем чекор напред. Ние, пак, како нојот со главата в песок – како да не постои нешто, ако тоа нешто не го гледаш.
Дел од интервуто на професорот Љубомир Цуцуловски објавено во 233 број на неделникот „Република“, 17 февруари 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката