| четврток, 6 декември 2018 |

Бела Барток спектакл во „Јавна соба“

Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етно музика кој творел во дваесетиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата.

Неговата музика се каректеризира со драматично менување на звукот во музиката на дваесетиот век.

По  повод сеќавање на овој светски музички генијалец, вечерва во 20.00 часот во „Јавна соба“, во соработка со унгарската амбасада во Скопје и унгарскиот директорат за уметност и култура организираат концерт на Олах Дезсо Трио (Oláh Dezső Trio )– програмска интерпретација на композиции од Бела Барток во џез варијанта.

Влезот за сите посетители е слободен. Резервација на седишта и маси е задолжителна поради лимитиран број на седишта

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top