Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Последици“ од холандската писателка Нина Вејерс, кој досега е преведен во повеќе од 20.000 примероци. Преводот на македонски е на Ели Пујовска.
Уште како дете Мини Пани била мистерија за својата мајка, за наставниците, за докторот, кој се чудел зошто бебето не сака да плаче? Кога има веќе дваесетина години, таа е сè уште внимателна, наизглед кршлива, но дефинитивно со оригинален шарм – таа сега е ѕвезда на холандската уметничка сцена.
Бестрашна и со страсна љубопитност, Мини го става својот живот на лабораториска маса, правејќи го суровина на својата уметност. Во своите дела ги испитува прашањата на спојувањето на животот и уметноста, директно инспирирани од нејзиниот живот. Фотографот со кого почнува слободни сексуални односи ѝ доаѓа како нарачан во новиот проект. Но последиците не може да се оценат како ефикасни. Прашање е: кој со кого манипулира? И колку може да се игра со стварноста без да се избега од себе?
„Последици“ е добитник на наградата „Антон Вахтер“ за дебитантски роман, а бил во најтесен избор за највисоките книжевни награди во Холандија.
Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд.
Нина Вејерс (1987) е холандска писателка. Студирала теорија на книжевноста во Амстердам и во Даблин. Почнала да објавува кратки раскази и есеи во книжевни списанија. Води своја колумна во еден холандски неделник. Заедно со философката Симон Сарлос водела сексистички ток-шоуа, со гости од уметноста, културата, науката и од медиумите. Дебитирала со романот „Последици“ во мај 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ