Бурна завршница која за малку не резултирала со групна тепачка, расизам и темпераментниот бразилец Евертон Луиз го одбележаа мечот помеѓу Рад и Партизан кој вчера црно-белите го добија со резултат 0-1 на гостински терен.
Луиз во текот на натпреварот се нашол на мета на навивачите на Рад кои кон него упатиле и расистички навреди и гестикулации, а тој пак на крајот на мечот, како што може да се види на видео снимката, им го покажа средниот прст. По овој гест изби голема мешаница помеѓу фудбалерите на теренот која на крајот за среќа завршила без поголем инцидент.
Потоа при излегувањето од теренот, младиот Бразилец заплакал, а го тешеле неговите соиграчи и тренерот на Партизан, Марко Николиќ.
– Јас и моето семејство навистина ја засакавме Србија и овде се чувствуваме како дома. Затоа и не можев да ги скријам солзите на крајот на мечот, заради навредите кои беа упатени кон мене во текот на целите 90 минути, изјавил Евертон по натправарот.
– Дополнително ме вознемири и односот на противничките играчи кои не ги смирија нивните поддржувачи. Сакам ова што побргу да го заборавам и ве молам да му кажеме НЕ на расизмот, заврпил Луиз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)