На видеоснимката, од два различни агла се гледа жена што застанува зад еден маж и му го фаќа лицето со двете раце, а потоа заминува. Друга жена, исто така, по нападот брзо се одалечува во друг правец, иако не се знае дали и таа учествува во него.
Потоа се гледа како крупниот, ќелав маж на средна возраст се сопнува и го брише лицето по нападот, а подоцна на снимката се забележува како доаѓа бара помош.
Полицијата вчера на прес-конференција соопшти дека нападнатиот им се пожалил на цариниците на аеродромот дека две жени му го допреле лицето со крпа со некаква течност.
Убиството на Ким Јонг Нам предизвика дипломатски недоразбирања меѓу Малезија и Северна Кореја, која настојува да не се врши аутопсија и телото да и биде предадено. Малезиското Министерство за здравство, пак, соопшти дека аутопсијата е нормална процедура и резултатите од неа ќе бидат готови веројатно до 22 февруари.
Полицијата истакна дека четворица осомничени Севернокорејци ја напуштиле Малезија на денот на нападот, но не соопшти повеќе детали. Според медиумите, тие се вратиле во Пјонгјанг преку Џакарта, Дубаи и Владивосток.
Јужнокорејските власти сметаат дека „убиството на Ким Јонг Нам е терористички акт, со кој се демонстрира жестокоста на режимот во Северна Кореја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)