| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Приштина

Повеќе илјади луѓе денеска во Приштина протестираа поради апсењето на шестмина поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово. Најавени се натамошни протести.

Осомничените бивши команданти на ОВК се товарат за злоставување цивили во притворски центар на ОВК, а против едно лице е покрената истрага за убиство на еден цивил. Меѓу осомничените се и амбасадорот на Косово во Албанија Суљејман Сељими, пратеникот во косовскиот парламент Фадиљ Демаку и претседателот на општина Србица Сами Љуштаку.

Демонстрантите во Приштина денеска носеа слики на осомничените и извикуваа пароли против мисијата Еулекс, која го води процесот. Некогашниот политички претставник на ОВК Адем Демачи, кој зборуваше на протестот, рече дека од Еулекс се очекувало да помогне во решавање на злосторствата коишто ги извршиле луѓе од Србија. „Но не очекувавме ослободителите да ги претворат во воени злосторници“, рече Демачи и го повика Еулекс да внимава кого го прогласува за криминалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top