Милан успеа да излезе од големата резултатска криза, триумфирајќи на дербито со Фиорентина со 2-1 за серија од три меча без пораз во домашното првенство (две победи и едно реми). Жерар Деулофеу прераснува во нов миленик на навивачите на „росонерите“ откако шпанскиот офанзивец го постигна победничкиот погодок против „виолетовите“. Токму Деулофеу со својата енергија внесува живост во тимот на Монтела кој делуваше умртвено до пред извесно време, па за очекување е челниците на клубот што поскоро да почнат преговори со Евертон за целосно да го откупат договорот на овој играч.
Милан со вечерашната победа остана на седмото место со 44 бода, сега со четири бода предност во однос на осмопласираната Фиорентина, и четири помалку од Интер и Аталанта кои се на местата кои водат во Европа следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)