| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев едвај спаси глава: Хулигани го нападнаа автобусот на Џенова по срамниот резултат (ВИДЕО)

dzenova

Тешки мигови за Џенова и македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Тимот загуби со убедливи 5-0 на денешното гостување кај Пескара, а бесните фанови го нападнаа клупскиот автобус по враќањето дома. Италијанските медиуми информираат дека повеќе од стотина ултрас фанови на Џенова ги чекале фудбалерите и стручниот штаб, и сакале да ги нападнат по срамниот резултат на денешниот меч од Серија А.

Тимот спасувал глава со интервенција на полицијата, а се очекува нервозните моменти да продолжат и на првиот нареден тренинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top