| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ вечерва му одговори на ДУИ

СДСМ и ги врати на ДУИ забелешките во врска со ставовите на интегративците за нацрт-законот за албански јазик. Извори од преговарачкиот процес наведуваат дека успеале да ги надминат најголемите разлики во однос на барањата на ДУИ и дека останале само помали работи за усгогласување.

Преговарачите на ДУИ утре ќе го известат претседателот на партијата Али Ахмети за текот на преговорите, а се очекува да се свика и централното претседателство за детално да го разгледа нацрт-законот за албанскиот јазик. Од ДУИ велат дека не отстапуваат од своите предлози за новиот закон за јазикот.

Како што дознава Алсат, ако страните финално ги надминат разликите во однос на албанскиот јазик, ДУИ може да му ги даде на Заев потребните потписи за добивање мандат, а потоа ќе продолжат преговорите и за останатите барања на интегративците.
СДСМ, пак, е затворена и не дава никаква информација за текот на преговорите со ДУИ. Во последната изјава, лидерот на социјалдемократите Зоран Заев рече дека ќе прифати се што е во рамките на Уставот и се што е во интерес на практичната потреба граѓаните Албанци.

Инаку, по неуспехот на Груевски за формирање влада, од неговата партија остануваат на ставот дека единствен излез од кризата се нови избори

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top