| четврток, 6 декември 2018 |

„Соколот“ Доминик Мавра е МВП на Купот на Македонија

dominik mavra

Доминик Мавра сосема заслужено е избран за најкорисен кошаркар на завршниот турнир од Купот на Македонија што изминатиов викенд се одржуваше во Кавадарци. Хрватскиот плејмејкер одигра фантастично во текот на трите дена, беше импресивен во вчерашното полуфинале со Работнички, а и денеска во финалето против Фени индустри повторно беше најефикасен кај „соколите“, со 21 поен, шест скока и шест асистенции.

kire nikolovski

Признанието за најдобар стрелец на турнирот замина во рацете на Кире Николовски од Фени индустри, кој и денеска беше прв стрелец во својот тим со 19 поени, но немаше соодветна помош од соиграчите во обидот Фени да го земе скалпот и на вториот македонски претставник во АБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top