– Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими заедно со директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска ја посетија компанијата „Агропал“ кај тетовска Брвеница што има шесеетина вработени кои собираат и преработуваат пластичен отпад во пластични вреќи и фолии што потоа се пласираат на домашниот, но и странските пазари.
Според надлежните нивниот раст и отворање на таканаречените зелени работни места е помогнат од оперативните мерки за вработување што во изминатите десет години од нивното применување отвориле над 40 илјади нови работни места во компаниите низ државата.
– Компанија што веќе 20 години опстојува на пазарот и една од компаниите што навистина покажува како приватниот бизнис може да се развива. Во изминатиот период тие искористија три мерки од оперативниот план за вработување Македонија вработува 1, субвенционирано вработување и обука кај познат работодавач. Сега правиме планови како да им помогнеме во иднина, изјави министерот Ибрахими.
Директорот на Агенцијата за вработување Поповски истакна дека оваа компанија е пример каде што неколку владини мерки довеле со зголемување на вработувањата и над 15 лица се вработиле со нив.
– Ние ќе им помагаме во секој сегмент бидејќи не се само тука обуките и субвенциите туку има и многу други аспекти што ги нуди оперативниот план за вработување. Порака за сите оние што ќе бираат во иднина работни места, што ќе бираат образование да видат што се бара на пазарот на труд, кое е тоа звање и образовен профил за во иднина да не бидат невработени, рече Поповски.
Од компанијата очекуваат дека помошта од надлежните институции ќе продолжи и во следниот период.
Министерот Ибрахими и директорот Поповски најавија дека освен со мерките од нивна надлежност ќе се обидат во следниот период да бидат медуим преку кои ваквите и слични компании ќе можат да побараат помош и од другите министерства и државни институции со цел понатамошен нивен развој и отворање нови работни места
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)