Резултатската криза на Џенова се продлабочи откако оваа екипа доживеа катастрофален пораз од 5-0 на гостувањето против Пескара. „Фенерџијата“ на табелата го одигра својот најдобар натпревар сезонава, воедно и го „потпиша“ отказот што тренерот Јуриќ сигурно ќе го добие по најновиот дебакл на Џенова, по кој оваа екипа се наоѓа на очајното 16. место на табелата. Горан Пандев влезе во игра во 30. минута, откако неговиот тим губепе со 2-0, но македонскиот капитен не успеа да стори ништо повеќе при овој дебакл на својот тим.
Наполи забележа нова рутинска победа, овојпат од 1-3 на гостувањето против Киево. Инсиње и Хамшик погодија уште во првото полувреме, на стартот од вториот дел Зјелински зголеми на 0-3, а се што успеаја домашните фудбалери да сторат до крајот беше почесниот погодок на Меџорини во 72. минута.
Резултати Серија А:
Болоња – Интер 0-1, Сампдорија – Калјари 1-1, Удинезе – Сасуоло 1-2, Пескара – Џенова 5-0, Киево – Наполи 1-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)