Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга размислува да ја заврши својата кариера на само 32-години.
„Знам дека крајот е блиску, знам дека нема начин како играњето тенис да трае вечно. Моја цел за оваа сезона е да се искачам меѓу осумте најдобри на светската ранг листа, за да имам повластен статус на ждрепката на турнирите. Инаку за мене не е важно дали ќе сум 10. или 11. на АТП листата“, изјави Цонга, кој во моментов е 14. тенисер во светот.
Денес во Ротердам Французинот ќе се бори за освојување на турнирот во Ротердам, а негов противник ќе биде Гофин од Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.