Во интервју за „Република“ професорот Љубомир Цуцуловски зборува за актуелната политичка ситуација и за опасноста од федерализација на Македонија, за ситуацијата во која користи третиот и за албанската платформа претставена како „иднината“.
Многу се споменува евентуална албанофобија, а ако ги имаме овие коалиции предвид, со сите зафати за спроведување на Рамковниот договор, можно ли е македонско-македонскиот конфликт со разговорите, сценографиите и костимографиите на СДСМ и на СОРОС вештачки да ја наметнаа таа перцепција за „албанофобија на ВМРО-ДПМНЕ“?
ЦУЦУЛОВСКИ: Мислам дека идејата за постоење некаква албанофобија не почнува ниту со Сорос, ниту со СДСМ. Неа ја имаше уште во СФРЈ, кога Албанците имаа сѐ, вклучувајќи и Академија на науките и на уметностите на Косово. Но, мораше да се рашири идејата за постоење албанофобија за да се создаде чувство на вина кај југословенските народи – особено кај Србите и кај Македонците. Целта беше полесно да оствари идејата за голема Албанија. Со создаденото чувство на вина тоа можеше да се оствари полесно бидејќи тој што чувствува вина се труди да ја исправи „вината“ што, наводно, ја направил. Патем, врз чувството на вина се базираат сите религии. Преку ова чувство полесно се манипулира со луѓето. Денес, на ова вештачки предизвикано чувство на вина, се надоврзуваат и некои други структури – Сорос и делови од СДСМ бидејќи не верувам дека поголемиот дел од членството на СДСМ ја дели оваа идеја. Но, кога сме околу фобиите, би говорел за постоењето словенофобија и македонофобија, кои, напати, се граничат со словеномизија и со македономизија. Пример за македономизија е разнесувањето со експлозив на две човечки суштества (2001) врзани за столбовите од мотелот „Бриони“ во Челопек. Нивната вина беше само во тоа што беа Македонци. Дали некој од ОНА, на пример Али Ахмети, се извини за ова; дали ги посети нивните семејства, нивните деца? Или, можеби, омразата смета дека некои суштества и можат да се разнесуваат, без пардон? Потоа, се говори за албанофобија! Тоа е повеќе од цинично.
Во оваа насока, во платформата се бара извинување за геноцидот врз Албанците и тоа за период кога низ македонските територии пустошеле Џемо Хаса и балистите? Можно ли е до толку да се протнуваат „слепи“ насоки, заедно со барањата за СЈО, во една платформа што е, пред сè, освојувачка, и е барање за самопредавање на територија без борба?
ЦУЦУЛОВСКИ: Треба да се има предвид дека таканаречената платформа е само продолжение на Платформата за решавање на албанското национално прашање, изработена од Албанската академија на науки во Тирана во 1998 година. Таа е само продолжение на идеите од Призренската лига, формирана во 19 век. Значи, станува збор за континуитет. Се бара извинување за извршен геноцид? Од кого и над кого извршен геноцид? Современата македонска држава настанува 1945 година. Како една непостојна држава може за што било да одговара, вклучувајќи и некаков геноцид од времето на балканските војни? Понатаму, кој страдаше и кој беше под окупација во периодот 1941-1945 година, кога фашизмот капитулираше? Секако дека тоа не беа Албанците, туку Македонците од западниот дел на Македонија, кој во тој период беше под италијанска окупација, а администрацијата ѝ беше доверена на фашистичката влада во Тирана. Значи, го поставувам прашањето кој ќе одговара за злосторствата што биле правени од паравоените албански структури врз Македонците за време на Втората светска војна. Но, не смее да се заборави дека од овие паравоени структури страдале и многу Албанци. И ним следбениците на овие структури треба да им се извинат, како што треба да им се извинат и на сите што живееле на просторот западно од линијата Групчин – Подмоље: Турци, Македонци муслимани, Власи, протерани Срби итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цуцуловски: Извинувањето на Заев е негов срам, Македонците се нешто друго!
-
Цуцуловски го прашува Заев: Kому му смета само Република Македонија без Илинденска?
-
Љубомир Цуцуловски: Дали ќе се случеше насилното влегување во Собранието, ако на влегувањето не му претходеше претходниот чин – избор („избор“) на нов преседател?
-
Цуцуловски за промена на името на државава: Лесно е да се глуми широкоградост на туѓа сметка!