Лесно е да се глуми широкоградост на туѓа сметка, поточно на сметка на Македонија. Вака професорот Љубомир Цуцуловски повторно го крева својот глас против промената на името на државава.
-Нека господинот Бујар Османи, кој сесрдно се залага за влез во ЕУ и НАТО по секоја цена – вклучувајќи ја и промената на името на Република Македонија – децидно каже како би се чувствувал и што би направил, ако некој побара да си го смени името и презимето, како и името на народот на кој му припаѓа, како нужен услов да влезе во некоја алијанса или унија, бидејќи лесно е да се глуми демократија и широкоградост на туѓа сметка. Истово прашање е адресирано и до сите кои глумат демократија, барајќи промена на името Република Македонија, оти Македонија не може вечно да биде жртвено јаре за туѓи интереси- напиша тој на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цуцуловски: Извинувањето на Заев е негов срам, Македонците се нешто друго!
-
Цуцуловски го прашува Заев: Kому му смета само Република Македонија без Илинденска?
-
Љубомир Цуцуловски: Дали ќе се случеше насилното влегување во Собранието, ако на влегувањето не му претходеше претходниот чин – избор („избор“) на нов преседател?
-
Се поизвесна е двојазичноста – Цуцуловски ја спореди Македонија со кулата Вавилонска