| четврток, 6 декември 2018 |

Дерик Роуз е пред трампа, ќе си замине од Њујорк до крајот на преодниот рок во НБА?!

derik rouz

Продолжуваат недоразбирањата во екипата на Њујорк Никс, која е незадоволна од залагањата на своите први ѕвезди оваа сезона.

Покрај Кармело Ентони, во очите на раководството на тимот потфрли и Дерик Роуз, кој нема да добие договор на крајот од годината. Оваа информација денес се рашири во американската јавност, па веднаш започнаа шпекулации дека тој ќе биде трејдуван.

23 февруари е последниот ден од трансфер периодот, а има неколку заинтересирани екипи за услугите на плејмејкерот роден во Чикаго.

Неговата форма е далеку од првата сезона и 2011 година, кога ја освои МВП наградата. Сепак, неколку неочекувани повреди го спречија Роуз да го покаже својот потенцијал, па затоа многумина се незадоволни од прикажаните игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top