| четврток, 6 декември 2018 |

Луцифер во Калифорнија: Сан Франциско под вода, граѓаните бегаат пред нова бура (ВИДЕО)

Силна бура предизвика хаос во Јужна Калифорнија предизвикувајќи поплави и други проблеми , а над десетина летови се откажани на аеродромот во Сан Франциско.

Пожарникарната служна на Лос Анџелес соопштила во петокот дека во некои делови на градот дошло до прекин во струјата, како и дека едно лице е повредно.

Бурниот ветер во тој град како и во Санта Барбара соборувал дрвја, пренесуваат агенциите.

Властите на Јужна Калифорнија апелирале до граѓаните да ги напуштат областите северозападно од Лос Анџелес на кои им се заканува силна бура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top