На главната железничка станица во Белград пред околу еден час, биле запалени неколку вагони. Министерството за внатрешни работи потврдиле дека горат вагони, а српски Курир јавува дека пожарот кој потоа се проширил го подметнале мигранти.
Според првичните информации, се работи за напуштени вагони, а за среќа повредени нема.
Екипите на против пожарната служба се веќе на местото на пожарот, а според информациите на споменатиот портал, се работи за вагон кој подолго време не бил во употреба и бил оставен на шините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.