МВР, заедно со финансиската полиција, јавното обвинителство за организиран криминал и СВР Охрид ќе го испитуваат работењето на претходната локална самоуправа и на ексградоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, поради постоење основи на сомневање за извршен финанскиски криминал и корупција, јавува порталот „Охридњус“.
– Одредени состојби укажуваат на постоење криминални активности во работењето на претходната локална власт и на ексградоначалникот. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но тоа е доволно да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата – изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
За ваквите сомневања и за понатамошните мерки што ќе бидат преземени, Чавков го информирал и градоначалникот Никола Бакрачески со кој денеска оствари работна средба.
Првиот човек на Бирото за јавна безбедност се сретна и со надлежните во СВР Охрид, со кои беа разгледани мерките и активностите што ќе бидат преземени со цел зголемување на безбедноста во текот на претстојната туристичка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?