| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец се удави во Индискиот Океан

Во водите на Индискиот Океан, близу Шри Ланка, почина младиот штипјанец кој бил дел од екипажот на брод на корејска компанија и го обезбедувал од пирати. Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но се уште нема информации како настапила смртта.

Медиумите пишуваат дека штипјанецот бил поранешен припадник на вооружените сили на АРМ.

Во соопштение од корејската компанија „ХГС Кореа“, на чиј брод наменет за превоз на стоки се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот океан во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, еден од неколкуте Македонци кои го обезбедувале бродот од таканаречените морски пирати.

Се очекуваат повеќе информации од МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top