| четврток, 6 декември 2018 |

Цело лето штипјанец им се заканувал на двајца министри и на еден пратеник преку „Фејсбук“

СВР Штип поднесе кривична пријава за Ј.П. (38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот во текот на јуни и јули 2016 година од неговиот мобилен телефон, од својот профи на „Фејсбукл“, преку интернет апликацијата „Месенџер“ повеќе пати по пат на информатички систем им ја загрозил сигурноста на двајца министри во Владата на Република Македонија и на еден пратеник во Собранието на Република Македонија.
Пријавениот испратил пораки со заканувачка содржина дека ќе нападне врз нивните животи и тела на „фејсбук месенџер“ профилите сопственост на оштетените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top