| четврток, 6 декември 2018 |

Си ја бранела ќерката, го изела ќотекот: Насилник си го фрлил бебето за да може да ја тепа бабата

Миломир С. (23) од Белград завчера во куќата на својата баба во околината на Уба го фрлил своето бебе старо само 15 дена на под и добило скршеници, а претходно ја претепал и својата баба.

Несреќното бебе е во критична состојба во болница каде лекарите се борат за неговиот живот, а насилникот е на сослушување во полицијата. Тој изјавил дека бебето случајно му паднало од раце за време на расправијата со неговата баба.

Според зборовите на бабата, го повикала зетот во собара за да го предупреди дека ќе го пријави во полиција доколку уште еднаш ја удри нејзината ќерка.

– Избила силна расправија, па Миломир ја удрил својата баба во главата, што потоа таа паднала. Насилникот потоа го зграбил своето родено бебе и го треснал на подот. Сопругата веднаш повикала полиција и Итна помош. Насилникот е уапсен, а тешко повреденото бебе е префрлено во болницата, соопштуваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top