| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер: Што и да се случи, продолжувам со тренерската работа

arsen venger

Катастрофалниот пораз од Баерн Минхен предизвика нова бура од критики на адреса на Арсен Венгер. Навивачите уште погласно бараат Французинот да си замине од клубот, Венгер се уште нема почнато разговори за продолжување на договорот што истекува на крајот од сезонава, но искусниот стручњак јасно стави до знаење дека нема намера да ја прекине својата тренерска кариера.

– Што и да се случи, не одам во пензија. Продолжувам со тренерската кариера, единствената дилема е дали тоа ќе биде во Арсенал или на друго место. Јасно ми е дека сум јавна личност и како таков сум подложен на критики, се навикнав на тоа низ годините. Сепак, овде не станува збор за мене, туку за клубот кој атакува на трофеи – изјави Венгер.

На потег е управата на Арсенал, која во следните неколку месеци ќе мора да одлучи, дали да ја продолжи соработката со Венгер или конечно да се реши за менаџерска смена (најзвучни имиња за наследник на Французинот се Масимилијано Алегри од Јувентус и Томас Тухел од Борусија Дортмунд).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top