| четврток, 6 декември 2018 |

Дете заробено во тело на старец – децата го исмеваат, а тој има само една желба (Видео)

7-годишниот Мохамед е роден во Сирија со тешки генетски болести поради кои изгледа како стар човек. Поради тоа има проблеми. Децата се поигруваат со него и го избегнуваат, а каде и да се појави ги привлекува погледите.

– Сакам да бидам убав како и останатите деца и да одам на училиште, рекол Мохамед и низ солзи раскажал дека другите деца не го оставаат на мир. Откако неговата приказна излезе во јавноста, се појави и Хуасин Маневар, идниот прв муслимански астронаут од Британија, кој посака на било кој начин да му помогне на малиот Мохамед.

– Откако го видов посакав да се зближам со него, да му бидам пријател на некој начин. Посакав да му кажам колку е тој посебен, вели Хусеин.

– Приказната на Мохамед не само приказна за дете кое е зарабоено во тело на старец туку приказна за имигрантите. Неговото семејство избегало од Сирија во Турција, тие немаат пасоши и поради тоа не можеле да го лекуваат ниту да дознаат од што конктретно Мохамед боледува. Ги исфрлиле од станот бидејќи немале пари за кирија. Едвај им помогнавме, рекол тој.

Хусаин со помош на неколку невладини организации покренал акција за собирање на пари за Мохамед и неговото многучлено семејство. Им пронашле нов дом, но како што велат, борбата за помош на ова семесјтво продолжува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top