На скопската обиколница, кај клучката Визбегово, сообраќајна незгода доживеал поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ. На пат кон хотелот, со кола на хрватската амбасада, дошло до судир со друго возило со скопски регистерски таблички, а во судирот нема повредени лица, пренесува Телевизија 24.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдиле несреќата и локацијата и велат дека интервенирале по пријава на минувачи. Со оглед на фактот што е причинета само материјална штета, на местото на настанот нема траги од несреќата.
Инаку, Месиќ е во Македонија за да земе учесто на самит на кој ќе учествуваат повеќе поранешни претседатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.